Крвав спорт! Ромеро го скрши од ќотек Витакер, но победата му беше доделена на шампионот (ВИДЕО)

Кубанецот Јоел Ромеро го скрши од ќотек шампионот Роберт Витакер во средна категорија во најважниот дуел на УФЦ 225, кој се одржа во „Јунајтед центарот“ пред 20.000 гледачи во Чикаго.

https://twitter.com/_THE112/status/1005682180608200704?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D729101

41-годишниот поранешен борач, кој вчера не се справи со вагата и беше лишен од можноста да се бори за шампионскиот појас, сепак одлучи да влезе во кафезот, првите 3 рунди ги загуби, во кои и двајцата се бореа доста претпазливо, но Кубанецот беше крвав.

Во 4-та и 5-та рунда Ромеро тргна моќно во напад, силно го стресе цврсто и го раскрвави родениот во Австралиец кој се натпреварува за Нов Зеланд. Само среќата го спаси Витакер од нокаут.

Ромеро го сруши шампионот на подот и само малку му требаше да стигне до победата пред крајот на мечот.

На крајот судиите за победник го прогласија Роберт Витакер со поделена одлука – 48:47, 47:48, 48:47.

„Уште во првата рунда ја скршив раката и до крајот на средбата бев многу тежок. Толкуте многу удари кои ги добив денес од Ромеро, не сум ги добил во целата кариера до сега, но праведно победив“, изјави Витакер веднаш по натпреварот.

„Јас победив. Не знам зошто судиите не го видоа тоа. И благодарам на сите за поддршката“, Ромеро беше разочаран во октагонот кога сфати дека не е победник.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО