УФЦ 257 ja доби најдобрата можна најава: Хабиб не го отпишал враќањето, сака да види „нешто спектакуларно“!

Дури и по саботното (денешно) обраќање на Дане Вајт не можеме со сигурност да кажеме дали Хабиб Нурмагомедов ќе се врати или не во октагонот за најмалку уште една борба, но Дагестанецот без пораз се чини дека сериозно размислува да се врати во кафезот. Но, многу ќе зависи тоа и од настаните на УФЦ 257!

Претседателот на УФЦ и Хабиб се состанаа во Абу Даби во петокот, а во саботата за време на преносот на УФЦ на емисијата АБЦ 1 Вајт објави дека спектакуларниот настап на еден од четворицата борци на настанот на 23 јануари може да го натера Нурмагомедов да се врати во кафезот!

Хабиб, наводно, сака да види нешто спектакуларно, а потенцијален ривал може да се добие од борбата помеѓу Конор Мек Грегор и Џастин Пориер, но и онаа во која ќе ги гледаме Ден Хукер и Мајкл Чендлер. Друг кандидат е Чарлс Оливеира, чиј настап против Тони Фергусон се чини дека го импресионираше Нурмагомедов.

„Тој мисли дека постигна сè што сакаше да постигне“, почна Вајт, а потоа продолжи со деталите од долгоочекуваниот состанок.

„Тој сметаше дека Чарлс Оливеира изгледа добро против Тони Фергусон. А следната сабота се борат Мек Грегор и Пориер и Чендлер и Хукер. Рече дека ќе ги гледа, но и дека никогаш нема да ја задржи категоријата”, додаде Дана, цитирајќи го наводната изјава на Хабиб: „Дозволете им да направат нешто спектакуларно, да ми покажат нешто спектакуларно и да ме натераат да сакам да се вратам“.

Вајт изгледаше доста оптимистички, и без оглед на одлуката на Хабиб на овој начин, тој направи една фантастична најава и реклама за УФЦ 257, што сега дефинитивно ќе биде уште поинтересно и за навивачите и за борците.

„Имам чувство дека ако некој, тоа може да биде и за титулата и во главната борба, а тој рече дека Оливеира изгледа добро … Ако направат нешто посебно, Хабиб ќе се бори со нив. Му требаше некое време да си ја расчисти главата и ако овие момци го направат она што мислам дека ќе го сторат следниот викенд, ми звучи дека можеби е заинтересиран да се бори против еден од нив“, заклучи Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО