Џинлијанг го нокаутира Сантијаго Понзинибио во првата рунда (ВИДЕО)

Ли Џинлијанг го засени враќањето на Сантијаго Понзинибио во УФЦ во полутешка категорија во Абу Даби на островот Јас.

Нивната средба почна со многу движење од двете страни. Видовме размена на удари, и ножни и рачни. Воопшто, Џинлијанг беше малку поагресивен. Понзинибио се плашеше да размени удари, но тоа беше фатална грешка.

Сантијаго се обиде да постигне директ, но ја промаши целта, а Џинлијанг погоди со силна левица и го испрати на подит. Ли нападна со удари и судијата ја прекина борбата во последната минута од првата рунда.

Со оваа победа опасниот Кинез се врати на победите откако дојде со пораз од Нил Магни. Понзинибио ја загуби серијата од 7 победи и тоа беше кошмарен кам-бек по скоро две години надвор од борбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО