УФЦ 249 закажан за 9 мај

По повеќемесечна неизвесност околу пандемијата на коронавирус, долгоочекуваниот ММА настан УФЦ 249 доби датум за одржување. Според новинарот на ЕСПН, Брет Окамото, тоа ќе се случи на 9 мај, без одредување на местото. Датумот не е случаен, затоа што на таа 9 мај требаше да се одржи следниот голем настан во Сао Паоло, но официјално беше одложена.

Првично, УФЦ 249 требаше да се одржи на 18 април, при што претседателот на организацијата Дана Вајт одлучи да го организира, но осум дена пред датумот беше откажан под притисоците од телевизиите што ги имаат правата.

Дури и тогаш, Вајт тврдеше дека е во процес на обезбедување на безбедно место за турнирот – приватен остров, каде ќе ја гради потребната инфраструктура. Друга опција да се организира во индијански резерват во Калифорнија, за да ги заобиколи државните ограничувања. Се уште не е јасно дали првичната борбена картичка ќе биде запазена. Мечот меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи беше главен за таа вечер и одлучуваше за привремената титула во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО