Френк Ворен: Фјури ќе го направи истото со Џошуа, како што го направи и со Вајлдер

Френк Ворен, промотор на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури, е категоричен дека неговиот боксер ќе се справи со Ентони Џошуа, исто како со Дионтеј Вајлдер.

Во февруари во Лас Вегас, Фјури го нокаутира Вајлдер во седмата рунда и му ја одзеде титулата на ВБЦ.

Џошуа, кој ги има титулите на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, многу е заинтересиран да се бори против Фјури за да ги обедини сите титули.

Сепак, и двајцата шампиони договорија и други битки покрај оваа. Фјури треба да се бори против Вајлдер во октомври, а Џошуа против Кубрат Пулев.

„Тајсон ќе го направи со Џошуа токму она што го направи и со Вајлдер “, рече Ворен и додаде: „Она што го забораваат за Фјури е дека тој има многу силна брада“.

Тој има многу добар поглед спрема боксот, има многу добра брзина во рацете и добра работа со нозе. Храбар е – го видовме како се исправи од подот.

Го видовме како прави сè. ЕЏ беше разобличен на средбата со Енди Руиз. Наполно беше отворен, а во нивниот втор меч Руиз беше целосно вон форма. Џошуа тренира многу, така треба да прават професионалците, но беше многу дефанзивен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО