Убиен претседателот на Карате федерацијата на Бугарија

Петров бил застрелан од огнено оружје, а починал подоцна откако бил пронајден од жена во тешка состојба. Покрај функциите во спортот Петров бил успешен и во други области.

Роден на 23 април 1962 година во Тетевен, а во 1981 година завршил полициско училиште во Пазарџик. Осум години работел во Националната служба за безбедност.

До 1992 година бил припадник на Специјализираниот одред за борба против тероризам, каде негови колеги биле Златомир Иванов – Златко Беретката и браќата Галеви. Го напушта системот по сопствена волја, пишува БТА.

Алексеј Петров беше претседател на Балканската карате федерација на конгресот одржан во Белград на 13 септември 2013 година.

Петров беше еден од ретките големи бизнисмени во Бугарија кои ги преживеаја транзициските години. Според неофицијални информации на БНР, тој бил застрелан со пушка. Во текот на изминатите две децении, беа организирани бројни неуспешни обиди за атентат против Алексеј Петров.

На 14 август 2002 година, на базенот „Спартак“ против него беше извршен неуспешен обид за атентат, но тој преживеа, иако беше застрелан истовремено во градите и ногата. На 29.10.2015 година, беше направен обид да се убие со фрлач на гранати кога Петров се возел во автомобил во близина на неговиот дом. Тој остана неповреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО