Уапсен е Ненад Пагонис; Најдобриот српски кикбоксер тешко ја повреди сопругата и ја шокираше боречката јавност

Многу лоши вести доаѓаат од соседна Србија. Ненад Пагонис, познат српски борец со многу богата аматерска кик-бокс кариера, беше уапсен по тешкиот инцидент што го предизвика во средата, пред зградата во Нови Сад каде што живее.

Пагонис ја претепал поранешната сопруга, актерката Маја Брукнер пред зградата. Српските медиуми пишуваат дека Пагонис ќе биде задржан во притвор 48 часа, но сигурно ќе се соочи со судски процес, по што би можел да биде осуден на тешка казна.

Пагонис и Маја Брукнер наводно се скарале поради нивното заедничко дете околу неговите тренинзи. Расправијата прераснала во физичка пресметка, а Пагонис наводно и ги скршил ребрата на поранешната сопруга. Значи, искусниот кикбоксер се товари за нанесување тешка телесна повреда.

Инаку, Ненад Пагонис и Маја Брукнер беа во брак девет години, а се разведоа пред неколку години. Заедно имаат две деца, а Пагонис во неколку наврати изјавил дека никогаш повеќе нема да се ожени, бидејќи „не сака да ја повтори истата грешка двапати“. Одвреме-навреме Пагонис јавно ја прозива поранешната сопруга, но како што е запознаена јавноста, вакви облици на насилство немало.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Pagonis (@nenadpagonis)

Доколку се докаже дека се вистинити обвинувањата на Маја Брукнер, Пагонис ќе се соочи со казна, но ќе се фрли голема дамка на неговиот имиџ и дело. Ненад е повеќекратен светски и европски шампион во аматерски кикбокс, а зад себе има осум натпревари во професионален бокс (8-1-0). Покрај спортската кариера, Пагонис се занимава и со музика, а напиша и книга „Во рингот со животот“.

Пагонис на социјалните мрежи често споделува различни мотивациски приказни од својот живот, а многумина го гледаа како пример за примерен спортист и човек кој пребродил бројни неволји во животот.

Сето ова пропаѓа ако Пагонис навистина ја претепал поранешната сопруга, но заклучоците и пресудата ги оставаме на правните органи кои ќе го прифатат овој тажен случај на семејно насилство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО