Уапсен Дионтеј Вајлдер во Лос Анџелес поради поседување оружје

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Дионтеј Вајлдер е уапсен рано утринава во Лос Анџелес под обвинение за поседување огнено оружје.

Полицијата околу еден часот по полноќ го запрела боксерот при рутинска сообраќајна контрола, поради неправилно затемнети стакла на автомобилот и му биле скриени регистарските таблички. Според Мирор, било потврдено дека апсењето е поврзано со огненото оружје, а 37-годишникот подоцна бил ослободен откако платил кауција од 35.000 долари.

Вајлдер бил ослободен околу три часот наутро, што значи дека поминал нешто повеќе од три часа во станица. Веднаш му е закажано судење на 23 мај во Лос Анџелес, каде може да се соочи со обвинение и парична казна до 10.000 долари. Боксерот моментално е во преговори за супер-борба со Ентони Џошуа во Саудиска Арабија, која треба да се одржи во декември, а сега треба да видиме дали овие настани ќе влијаат на преговорите на оваа борба.

Вајлдер тренираше во Калифорнија за неговото неизбежно враќање во рингот, а моментално се водат преговори за борба меѓу него и поранешниот шампион. Се верува дека официјалните лица на Саудиска Арабија сакаат да ги охрабрат двајцата поранешни шампиони да се сретнат на полуфиналниот турнир на кој за неприкосновен појас ќе се борат Тајсон Фјури и Олександар Усик.
Фјури му го одзеде на Вајлдер титулата на ВБЦ 2020 годинагодин пред да ја одбрани трилогијата во 2021 година. Усик пак, го победи Џошуа двапати за појасите на ВБА, ИБФ и ВБО во 2021 година и во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MADE 2 BOX (@made2box)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО