Арјан Исени славеше против Фереира на Свеското бокс првенство

Арјан Исени (-80 кг) извојува убедлива победа против Парагваецот Лино Рамон Руиз Фереира од 5-0 на Светското сениорско првенство во бокс кое се одржува во Ташкент, Узбекистан.

Исени дебитантскиот настап го круниса со победа.

Во наредното коло нашиот боксер ќе се бори со Русинот Имам Хатаев. Арјан има исклучително тежок противник, фаворит за медал, но така предизвикот е поголем.

Да потсетиме, вчера Ален Рустемовски (-57 кг) беше поразен со судиска одлука 0-5 од Удин Мохамед Хусин од Индија.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО