На Мајк Тајсон му недостасува боксот: Саудијците сакаат да се вратам во рингот

Светот на спортот не го гледал Мајк Тајсон во рингот откако во 2020 година одработи егзибициски меч против Рој Џоунс. Тогаш во Лос Анѓелес, сега 57-годишниот Тајсон остана без победа, мечот заврши без победник.

Три години Тајсон воопшто не настапува, но сето тоа сега би можело да се промени. Тајсон пред еден месец беше во Саудиска Арабија каде присуствуваше на борбата меѓу Џејк Пол и Томи Фјури, беше на сите церемонии, од мерење па се до последното соочување, па сето тоа кај него ја разбудило желбата да се врати во рингот. А, истото тоа го сакаат и луѓето од Саудиска Арабија.

„Ми недостасува боксот. Не ми недостасуваше се додека не го видов тоа во Саудиска Арабија. Кога сето тоа ќе го видите, почнува да ви недостасува да бидете во центарот на вниманието. Луѓето од Саудиска Арабија сакаат да ме видат во рингот. Не сум сигурен, но би можеле да ме убедат“, вели Тајсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО