Македонската карате репрезентација од денеска е на завршните подготовки во Охрид пред сениорското Европско првенство во Истанбул, Турција, од 19 до 22 март.
На располагање на тренерот на репрезентацијата, Петар Белистојановски, се: Емил Павлов (- 60 кг), Дејан Црничиќ(- 67 кг), Иво Цветковски (- 75 кг), Симон Антиќ (- 84 кг), Мартин Несторовски (+ 84 кг), Берат Јакупи, Тодор Ристески, Виктор Крстевски, Симона Заборска, Наташа и Моника Стефановски и Драгана Тодоровска.
Дејан Црничиќ, Симон Антиќ и Мартин Несторовски ги заземаа местата, според бергеровгиот систем на КФМ, на Тодор Ристески, Берат Јакупи и Жарко Арсовски во репрезентацијата во борби во поединечна конкуренција. Вицешампионот од Балканското првенство од Чачак, Виктор Крстевски, е земан на подготовките за настапат во екипниот дел.
За некој ден на подготовките ќе се придружат и натпреварувачките во кати: Маријана и Мишела Димовски и Пуликсенија Јовановска, како и тренерот на репрезентацијата Златко Димоски.
ipon.mk/В.Д.