Цероне го победи Ал Јакинта и го предизвика Мек Грегор (ВИДЕО)

Доналд Цероне (36-11, 23-8 УФЦ) го победи Ал Јакинта (14-5-1, 9-4 УФЦ) во главната борба на УФЦ настанот во Отава.

„Каубојот“ славеше со убедлива одлука на судиите по пет рунди – 49-45, 49-45, 49-46 и ја постигна трета последователна победа.

По успехот против поранешниот предизвикувачот за титулата во лесна категорија упати нов предизвик до Конор Мек Грегор.

„Ја сакам титулата по секоја цена. Освен ако Конор Мек Грегор не сака да се бори со мене во јули. Јас сум подготвен. Да го сториме тоа на 4 јули“.

Цероне и Јакинта добија бонус за борба на вечерта, а 50.000 долари за изведба на вечерта доби тешкашот Волт Харис кој за 50 секунди го заврши Сергеј Спивак, како и Мејси Киајсон која со технички нокаут во втората рунда ја победи Сара Мораеш.

Шејн Бурогс (12-1, 5-1 УФЦ) со поделена одлука на судиите го совлада Куб Свансон (25-11, 10-7 УФЦ).

УФЦ на ЕСПН + 9:
Доналд Цероне – Ал Јакинта (едногласна одлука на судиите, 49-45, 49-45, 49-45)
Дерек Брансон – Елиас Теодору (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Шејн Бургос – Каб Свансон (поделена одлука на судиите, 27-30, 30-27, 29-28)
Мераб Двалишвил – Бред Катона (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 30-27)
Волт Харис – Сергеј Спивак (ТКО, Р1)
Андреј Санчез – Марк-Андре Бариолт (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)
Винс Моралес – Аиеман Азахаби (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Нордин Талеб – Кајл Преполец (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-27, 20-27)
Арјан Булар – Хуан Адамс (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)
Кол Смит – Мич Гагнон (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 30-27)

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=44hFod4tuDs

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО