Претседателот на КМФМ Дејан Митровски-Урко трогнат од тажната вест: Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија загуби голем шампион

„Кик бокс маитаи федерацијата на Македонија загуби голем шампион“, се првите зборови на селекторот и претседател на КМФМ Дејан Митровски-Урко по тажната вест дека починал 23-годишниот шампион Марко Тодоров.

„Денеска по подолг период боледување почина нашиот брат, другар, натпреварувач и голем шампион Марко Тодоров. Голема е болката и загубата на сите нас кој го познававме.

Сите борби во рингот ги доби но оваа најважната ја загуби.

Последен поздрав со нашиот брат Марко ќе биде утре на 10.03.2024г. во 13:30 часот на гробиштата Бутел во капела 1.

Почивај во мир шампионе наш!, рече Митровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО