По две сребра и бронзи за македонските репрезентативци на Балканскиот кендо куп во Скопје

Првиот ден од 13. Балкански кендо куп помина во одличен борбен дух и убава атмосфера во спортскиот центар Форца. Македонските репрезентативци покажаа солидни борби што донесоа солиден успех и освоија чететири медали – 2 сребра и 2 бронзи.

Во јуниорските категории Давид Алексовски и Јован Петровски го освоија поделеното 3-то место и се закитија со бронзен медал. А Михаил Миленковиќ се и Ивона Лазаровска се закитија со сребра, а Димитар Крстевски, Гордан Чоланчевски и Јована Андоновска добија награди за борбен дух.

Во сениорска женска категорија Ивона Лазаревска изгуби во финалето и се закити со бронзен медал.

Утре се тимксите борби каде нашите сениорски репрезентативци очекуваат поголем успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО