Дионтеј Вајлдер открива дека неговата следна борба нема да биде против Ентони Џошуа

Неодамна се прошири веста дека во декември може да се одржи голем настан во Саудиска Арабија, каде што ќе се борат Тајсон Фјури и Aлександар Усик и Дiонтеј Вајлдер и Ентони Џошуа.

Но, бронзениот бомбардер навести дека неговиот следен меч нема да биде против Еј Џеј.

Организаторите се надеваат дека никој од боксерите во меѓувреме нема да се бори за да не си го загрози местото на спектаклот на крајот од годината.

А Вајлдер во последното интервју изјави дека наскоро ќе се врати во рингот, што значи дека не би го чекал декември и евентуална борба против Џошуа.

„Работам напорно и многу тренирам. Тоа беше луда, но одлична година зад мене. Се случија многу позитивни работи. И многу брзо ќе се вратам во рингот“, изјави Дионтеј Вајлдер.

Поранешниот шампион на ВБЦ го имаше последниот меч во октомври минатата година кога во првата рунда го нокаутира Роберт Хелениус.

Тоа беше негов прв меч по двата порази во низа од Тајсон Фјури.

Вајлдер до неодамна беше во комбинација за меч против Енди Руиз во последниот елиминаторен меч за шампионот на ВБЦ.

Откако престана да се зборува, во медиумите се појави информација дека Руиз би можел да се бори со Фјури, но тоа не е вистина.

А промоторот на Фјури Френк Ворен ја демантираше таа вест и потврди дека нема договор со Руиз.

Нема дилема дека организаторите на боксерскиот спектакл сакаат да ги доведат Вајлдер и Еј Џеј, а Фјури и Усик во рингот истата вечер.

Тоа би бил најраскошниот настан во историјата, кој се проценува дека вреди повеќе од 360 милиони евра!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО