Тренерот на Конор Мек Грегор за малку ќе се откажал од спортот (ВИДЕО)

Еден од најпознатите тренери во светот на мешаните боречки вештини – Џон Каванаг, во интервју за „Спортска џунгла“ признава дека бил на прагот да се откаже од спортот бидејќи посветеноста за малку ќе му го скршела семејството.

„Еднаш се вратив од патување и мојот 3-годишен син беше кисел. Сè уште учи англиски, но го прашав зошто е кисел. И рече: „Тажен сум затоа што те нема“. Ми го скрши срцето. За малку ќе се откажав тој ден“, вели менторот на Конор Мек Грегор.

Денес многу подобро може да го менаџира времето, но на почетокот на кариерата мораше да се бори за место под ѕвездите за да му обезбеди подобра иднина на семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО