Судија ефектно собори вознемирен борец за време на ММА настан во Романија (ВИДЕО)

Еден од големите ММА настани во Романија – РФХ Некст фајтер 8, стана арена на крајно необична сцена со учество на судијата на еден од мечвите. Тој се нашол принуден да собори еден од борците на подот за да го совлада откако ја изгубил борбата.

Натпреварот заврши со одлична завршница, преку гилотина, но тоа како да го налути поразениот, кој реши да бара реванш на лице место. Сепак, судијата беше на лице место и веднаш застана меѓу нив, а потоа вознемирениот натпреварувач го фати за врат и со завидна леснотија го собори на подот.

Малку е познат факт дека повеќето судии во боречките спортови се поранешни натпреварувачи кои продолжуваат да тренираат заедно со спортистите. Затоа повеќето од нив имаат импресивна фигура, а очигледно некои имаат одлична техника.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО