Тренерот на Хабиб: Не завршил со ММА

Откаувњето на Хабиб Нурмагомедов од кариерата како ММА борец не значи целосно повлекување од спортот.

Според неговиот долгогодишен тренер Хавиер Мендезс, „Орелот“ ќе продолжи да игра клучна улога, но веќе не во октагон, туку покрај него и ќе продолжи со кариерата како тренер.

„Како борец, можеби заврши 100 отсто, но не и како тренер. Тој ми вети дека ќе ми помогне да ги подготвувам помлади момчиња. Кога некој од тимот на „Орелот“ или којбило друг во салата ќе побара помош, тој ќе биде во аголот со мене. Значи – тој не заврши со ММА. Сега ќе почне да води психолошки војни со мене против неговите противници. Одиме во таа насока“, изјави Мендез за „Сабмишн радио“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО