Помладите браќа на Фјури и Вајлдер може да се борат во 2021 година

Одбивањето на Тајсон Фјури да оддржи третиот меч со Дионтеј Вајлдер доведе до голем број опции во тешка категорија.

Американецот не ја искористи навреме опцијата во договорот за трилогија и сега „Кралот на Ромите“ гледа во обединувачка битка со Ентони Џошуа. Колку е смешно – колку не е, се повеќе се зборува за меч помеѓу помалите браќа на Фјури и Вајлдер, што конечно ќе го реши спорот во семејната расправија.

Битка меѓу Томи и Марселос може да се одржи во 2021 година, тврди ВБН.

Младите имаат неколку професионални натпревари и сè уште се далеку од славата на нивните постари браќа. Марселос Вајлдер има дури два порази спрема петте победи.

Томи Фјури има предност од 3-0 и викендов ќе се бори по четврти пат. Секој од неговите претходни ривали имаше воодушевувачка статистика: 10-102-3, 0-26-2 и 2-26-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО