Тренерот на Френсис Нгану ги спореди Џошуа и Фјури: Тоа е како оган и вода

Поранешниот борец во тешка категорија на УФЦ Френсис Нгану дебитираше во боксерскиот ринг против шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури на крајот на октомври минатата година.

Камерунскиот удирач ги воодушеви навивачите со одличната претстава и без разлика на поразот стапи на боксерската сцена и многу лесно извојува нова борба.

На 8 март Нгану ќе боксира против поранешниот двократен шампион Ентони Џошуа во Саудиска Арабија.

Многумина веќе ги дадоа своите прогнози за претстојната борба, а сега тренерот на Френсис, Деви Купер се обиде да ги спореди Фјури и Џошуа.

„Размислував за Еј Џеј и Фјури, тоа е како оган и вода. Фјури може добро да ве удри и замрзне, а сепак има вештина и интелигенција. Тој е како вода што може да замрзне. А Џошуа е оган што може да те изгори. Боли кога ќе те фати пламенот. Џошуа има моќ да те изгори и тоа ќе биде поинаков меч од оној против Фјури“, рече Диви Купер и додаде:

„Фјури не можеше да го нокаутира Нгану со еден удар, но ми се чини дека Џошуа е поопасен. И двајцата се тешки противници, бидејќи Френсис нема големо искуство. Има луда сила, брада и е потежок отколку што мислат луѓето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО