Тајсон Фјури откри колку конци добил по спарингот со хрватскиот тешкаш

Тајсон Фјури поради повреда мораше да го откаже обединувачкиот меч против Александар Усик, кој требаше да се одржи во Ријад за десет дена.

Борбата за титулата апсолутен шампион во тешка категорија веднаш доби нов датум. Фјури и Усик ќе се соочат на 18 мај на истото место во Саудиска Арабија.

За време на спарингот со хрватскиот тешкаш Агрон Смакиќи, британскиот борец доби длабока расекотина над десното око, па заврши во болница на шиеење.

Додека гостуваше во ММА час Кралот на Ромите откри уште неколку детали поврзани со повредата.

„За тој петок договорив 12 рунди спаринг со четворица различни борци. Во петтата рунда добив лакт во главата и имаше расекотина. Отидов во болница и добив 11 конци“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Не можев да влијаам на тоа, може да се случи во спаринг. За се има прв пат“.

Кралот на Ромите додаде и дека се подготвувал десет недели, и дека има право да се бори за најголемата плата во животот.

Турки Алалших, главниот човек задолжен за организирање на спортски и забавни настани во Саудиска Арабија, изјави дека и двајцата боксери се согласиле да платат казна од десет милиони долари доколку некој од нив повторно ја откаже борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО