Тренерот на Чисора: Дерек ќе го измете рингот со Пулев

Pulev-Cisora

Провокативните изјави од таборот на Дерек Чисора пред борбата со Кубрат Пулев на 7 мај не престануваат. Сега во во истите води заплива и неговиот тренеру Си Џеј Хусеин. Стратегот на Чисора смета дека неговиот пулен ќе го размавта Бугаринот по рингот во Хамбург.

„Дерек многу сериозно се подготвува, никогаш не сум го видел толку дисциплиниран. Формата му е одлична. Сега е во подобра кондиција дури и од порано, кога требаше да се бори со Витали Кличко. Тогашниот Чисора ќе изметеше рингот со овој Пулев, а сегашниот Дерек е уште подобар од тогаш и ќе му биде уште полесно да го направи тоа“.

„Ако ја почитува тактиката која ја работевме, Пулев нема да знае од каде му доаѓаат ударите и што му се случува во главата. Поминав неколку недели во Калифорнија со него и сум огромен оптимист во врска со овој меч“ изјави Си Џеј Хусеин за изданието на „Боксен Ајнц“.

И покрај овие тешки и прилично силни зборови, тренерот тврди дека во штабот имаат огромен респект спрема Пулев. Тој тврди дека неговите зборови се диктирани од моменталната состојба на двајцата боксери.

„Не ме сфаќајте погрешно, почитта кон Пулев постои. Но јас правам реторика врз основа на она што сум го видел кај него. Неговиот бокс се уште е премногу архаичен, премногу аматерски. Има само три удари, а еден од нив му е навистина совршен. Дури, Дерек поради некоја причина да заборави огромен дел од арсеналот од удари, пак, ќе има повеќе од него“, дополни Хусеин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО