45 милиони долари губи УФЦ со отсуството на Мек Грегор од УФЦ 200

Mek Gregor nasmean se pozdravuva

Отстранувањето на Конор Мек Грегор од УФЦ 200 ќе ја чини организацијата околу 45 милиони долари нереализирани приходи.

Нека грубо сметам, разликата во интересот меѓу мечевите Мек Грегор-Дијаз 2 и Јонс-Кормиер 2 е 525.000 гледачи, имајќи ги во предвид зборовите на претседателот Дана Вајт за УФЦ 196 и тоа дека Конор загуби во претходната средба. По 70 долари – добива разлика од 36.700.000 долари.

Сега нека се погледне и цената на билетите. Од УФЦ размислуваат оваа недела да ги пуштат билетите во продажба и се очекува да достигнат највисока цена во историјата на УФЦ.

УФЦ 196 го собори рекордот по приходи од билети – 8.100.000 долари, а цените за средбата Мек Грегор-Рафаел дош Ањош, во која подоцна се вклучи Нејт Дијаз, почнуваа од 204 долари и стигнаа до 1.454 долари. За споредба, цените на билетите за УФЦ 195 (Кондит-Лоулер) почнаа од 104 долари и стигнаа до 804, а привлекоа 3. 500 фанови помалку. Разликата меѓу двата настани е 6.000.000 долари.

Според Дана Вајт, Мек Грегор ќе се бори повторно и УФЦ секогаш ќе има предност кога гладијаторот одбива да ги исполни условите на некоја одредба, бидејќи ниедна друга организација не може да му ја понуди истата публика пред која ќе излезе на мегдан.

Со УФЦ 200 се размислуваше да се одбележи не само опстанокот, туку и неверојатниот пораст на организацијата. Со Мек Грегор меѓу борците, цените на билетите лесно може да се зголемуваат за сметка на оние од УФЦ 196 и генерално приходите да стигнат до 10 милиони долари, а посетеноста да биде иста, ако не и подобра. Без него, сепак, не можеме да очекуваме такви цени, како што може и да видиме по некое празно место во салата. Во таков случај разликата од продадените билети излегува 7.000.000 долари, и ако додадеме уште 800.000 долари од маркетинг, ќе стигнеме до 44.500.000 долари дополнителен приход, под услов Мек Грегор да биде вклучен на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО