Тренерот на Баколе откри четворица тешкаши кои одбиле да се борат со Мартин

Мартин Баколе (20-1, 15 КО) со години е меѓу најдобрите светски тешкаши, а од единствениот пораз во кариерата од Мајкл Хантер (во октомври 2018) има девет победи.

Последната борба на професионалниот боксер од Конго беше во октомври минатата година кога со прекин во четвртата рунда го совлада Французинот Карлос Такам.

Баколе бара нов меч, а неговиот тренер Били Нелсон откри неколку потенцијални кандидати. Изборот на можни ривали е доста добар.

„Сега е меѓу десетте најдобри тешкаши во светот. Во една организација е на второ место. Значи, теоретски треба да бидат првите две во четири организации, како и шампионите. Ги имате Усик и Фјури, а Мартин може да се бори со следните борци во рангирањето на секоја организација“, се обиде да објасни Били Нелсон и ги наведе четворицата борци кои го одбија мечот со Баколе:

„Го имате Френк Санчез кој го победи Јуниор Фа, и двајцата му кажаа „не“ на Мартин, исто како Милер и Вајлдер. Мартин Баколе сакаше да боксира против еден од нив, но сите го одбија. Само Вајлдер имаше договорен меч против Паркер во тој момент, останатите тројца му рекоа „не““.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО