Ентони Џошуа верува дека Александар Усик ќе го победи Тајсон Фјури

Љубителите на боксот со нетрпение го чекаат 17 февруари, кога Тајсон Фјури и Aлександар Усик ќе се борат за титулата апсолутен шампион во тешка категорија во Саудиска Арабија.

Фановите се поделени околу тоа кој би можел да победи во борбата и да ги обедини владејачките појаси за прв пат откако Ленокс Луис успеа да го стори тоа пред речиси 25 години.

За многумина Фјури е фаворит на тој меч, бидејќи сметаат дека неговата огромна предност е што е повисок и поголем од Усик.

А тоа го докажа Украинецот на два меча против Ентони Џошуа, на кои и победи. Поранешниот шампион верува дека Усик ќе го победи Фјури.

„Тешко е да се избере фаворит на мечот меѓу Фјури и Усик“, изјави Ентони Џошуа и додаде:

„Се борев против Усик. Тој е феноменален борец и мислам дека има одличен тим околу себе. А добри сте колку е добар вашиот тим, а Усик е опкружен со одлични луѓе. По нашите средби продолжив да го проучувам и не престанувам да го правам тоа“.

Не е тајна дека Џошуа не може да го поднесе Фјури и неговото однесување, во и надвор од рингот, но тоа не е пресудно во неговиот избор на фаворит во мечот за обединување на титулите.

Непоразениот Усик има уникатен и збунувачки стил што никој, вклучувајќи го и Џошуа, досега не можел да го сфати. Британецот верува дека Украинецот ќе стори доволно за да стане апсолутен шампион.

„Усик ќе победи. Има искуство, одличен тим и одличен е во рингот. Тој е врвен борец“, нагласи Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО