УФЦ 300 носи реванш меѓу Аскрен и Масвидал!? „Ако ми се јави Дана, и јас ќе излезам од пензија!

УФЦ 300 е се поблиску, но организацијата е во мала неволја бидејќи моментално изгледа дека ниту едно од најголемите имиња не е достапно за настанот. Веќе подолго време најавуваат спектакл, а што ќе успеат да испорачаат ќе видиме во четвртиот месец и дали најавениот спектакл ќе се претвори во дебакл.

Хорхе Масвидал пред некој ден го најави своето враќање, односно напиша дека повеќе не е пензиониран борец. Слична најава дојде и синоќа, но овој пат од човекот чија кариера ја одбележа – Бен Аскрен! Аксрен изјави дека ќе биде подготвен доколку Дана го повика и се обиде да организира реванш против Масвидал.

„Слушај ме, сега ќе кажам нешто. Ако Дана ме повика и го понуди Хорхе Масвидал на УФЦ 300, Меѓународната фајт недела, ќе излезам од пензија. Пак ќе се борам со него, не ми е гајле. Сепак, тој никогаш нема да се согласи на ова, освен ако продолжи да губи пари или нешто слично. Но, тоа би било одлично“, изјави Аскрен за Фанки & д’чемп.

„Нема да ги молам за тоа, и онака веројатно нема да се случи. Меѓутоа, ако се случи, ќе им кажам дека ќе бидам таму. Ако не, ќе продолжам со мојот живот. Подготвен сум, во форма сум, многу се борам. Сакате да се борите? Одлично“, додаде тој.

Да потсетиме, токму против Аскрен Масвидал го смисли најпознатиот потег во кариерата, односно познатиот нокаут кон средината на 2019 година кога го „заспа“ со летечко колено за само 5 секунди од борбата. Набргу потоа Аксрен стави крај на ММА кариерата, а останува да се види дали Дана ќе го сврти бројот на Аскрен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО