Тони Фергусон по Пимблет сака меч против Мек Грегор: Ма каква пензија

Американскиот ММА борец Тони Фергусон (25-9) има шест порази во низа, а последниот го претрпе во јули кога Боби Грин го победи со завршница.

Ел Кукуј ги загуби и претходните два меча со прекин. Мајкл Чендлер го нокаутираше со брутален преден удар (фронт кик), а Нејт Дијаз победи со гилотина.

Но, без разлика на тешките порази и навистина лошата серија, Фергусон не размислува за пензионирање. Тој ќе настапи на 16 декември на УФЦ настанот во Лас Вегас против младиот Англичанец Педи Пимблет.

„Немам ништо против детето, Патрик делува добро. Тој е одличен и може да стане голем борец. Одлично е, ми се допаѓа“, изјави Тони Фергусон и додаде:

„Долго време го ловев Хабиб и го барав Мекнагетс (Конор Мек Грегор). Ама кога ќе се ослободам од тој млад човек ќе барам меч против Мек Грегор, веројатно УСАДА нема да потфрли.

Иако веќе е вистински ветеран, 39-годишниот Тони сè уште не сака да се пензионира.

„Ма каква пензија, не сум ни блиску до крајот. Она што ми треба е толку голем тим како оној што ме доведе до појасот за привремен шампион. Треба да бидете опкружени со вистинските луѓе и да се држите цврсто за вашите вредности – вера, семејство и пријатели“, нагласи Тони Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО