Тајсон Фјури: По тој удар станав отпорен на куршуми

Британскиот боксер Тајсон Фјури ненадејно се пензионираше по победата против Владимир Кличко во ноември 2015 година, почна да се дрогира и да пие, имаше психички проблеми и размислуваше за самоубиство.

Две и пол години подоцна се врати во рингот, а со победите над Сефер Сефери и Франческо Пијанета стигна до мечот за шампионот на ВБЦ против Дионтеј Вајлдер.

Нивниот прв меч на 1 декември 2018 година заврши нерешено. Џипси Кинг доминираше до последната рунда кога Бронзениот бомбардер го испрати на подот по одлична комбинација.

Фјури се најде во нокдаун, а потоа за чудо стана и на нозе го дочека крајот на борбата.

„Бев исклучен за момент. Ги отворив очите и го слушнав судијата како ми брои: „четири, пет…“, веднаш ми беше јасно како ме собори и морав да станам на нозе“, се присети Тајсон Фјури на тој момент од борбата против Вајлдер и продолжи:

„Не брзав да станам. Кога сакате да се вратите веднаш, а потоа повторно да паднете, тогаш крајот е се поблиску. Затоа одвоив што е можно повеќе време да се опоравам. Судијата во соблекувалната ни рече дека верува во одбројувањето на шампионот. Ако некој од нас се најде на подот, ќе брои до десет, ако не стане до тогаш, готово е. По тој удар станав отпорен на куршуми. Не бев подготвен за пораз, имав поголем план“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО