Џо Роган: Волкановски ја заслужи победата во борбата против Ислам Махачев

Александар Волкановски можеби има пораз од Ислам Махачев, но има многу кои веруваат дека тој повеќе ја заслужил победата.

Еден од нив е Џо Роган, кој даде свое мислење за изминатиот UFC 284 во кој се сретнаа двете ММА суперѕвезди.

„Тој е број 1 во „паунд фор паунд““, рече Роган на неговиот подкаст.

„Мислам дека ја доби борбата. Според мене, тој ја доби битката. Направи поголема штета“, рече Роган за Волкановски и додаде:

„Мислам дека ги наметна своите вештини. Исто така, лудо импресивно е тоа што тој се искачува од лесна категорија за да се бори со огромен борец во полусредна категорија. Сепак, впечатливо е како Волкановски ја наметнува својата волја во многу битки“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО