Том Харди победи уште на еден турнир во џиу-џицу

Том Харди уште еднаш ги докажа своите вештини за бразилско џиу-џицу освојувајќи уште еден турнир изминатиот викенд.

Филмската ѕвезда ги шокираше сите кога се појави изненадувачки на РЕОРГ (REORG) опен џиу џицу минатиот месец и го однесе златниот медал во категоријата.

45-годишниот актер сега повторно се појави изненадувачки на турнирот во Милтон Кејнс и доминираше со своите противници.

„Тој се снајде прилично добро“, изјави организаторот на турнирот, Шон Розборо. „Тој не е на највисоко ниво, но можеше да се види дека дојде да го однесе победите и беше одличен во сите зафати“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО