Мек Грегор: Виски и темно пиво се клучот за врвна форма

Конор Мек Грегор им возврати на навивачите откако беше обвинет дека користел стероиди.

Неодамна поранешниот двократен шампион покажа дека е во многу добра физичка форма. Сепак, фановите се посомневаа дека тоа е поради хемијата, бидејќи УСАДА не го тестирала за забранети супстанци 1 година.

„Озлогласениот“ бара да влезе во топ форма за улогата во „Роуд хаус“ заедно со Џејк Гиленхал. Многу фанови и критичари се шокирани од моменталната големина на Мек Грегор и од тоа како тој успеа да стави толку мускули за толку кратко време.

Одговарајќи на едно од многуте тврдења, Мек Грегор ги отфрли гласините, откривајќи им го на фановите тајниот рецепт за топ форма.

„Пропер твелф и форгед ајриш стаут (темно пиво). Служено заедно со моето органски одгледано ирско говедско месо сервирано на врел камен“, напиша Мек Грегор на Твитер.

Иако поранешниот шампион на УФЦ се занимава со неколку други деловни потфати, главниот фокус на Мек Грегор е да го направи најдоброто спортско враќање што светот некогаш го видел.

Тој и неговата управа се уверени дека ќе се вратат во октагонот во 2023 година, додека допрва треба да се избере соодветниот реванш меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО