Верховен скрши воен чекан додека кршеше автомобил (ФОТО/ ВИДЕО)

Рико Верховен, кој е светски шампион во кик-бокс во тешка категорија на познатата и најголемата компанија во овој спорт – „ГЛОРИ“, буквално искрши дрвен воен чекан! Ова се случи за време на неговата посета на отпад, каде што се нуди кршење стар автомобил за да се излечи стресот.

Холандскиот гигант го доби чеканот и замавна со него за да ги скрши стаклата на автомобилот, но ударот ја скрши рачката на чеканот.

Друштво во кршењето му правеа неговата девојка Наоми ван Бим и нејзиниот син од првиот сопруг – Исаја ван Бим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Team Rico (@teamricotoday)

„Леле. Ми рекоа да скршам се и јас го направив тоа“, се пошегува Верховен на својот Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rico Verhoeven (@ricoverhoeven)

Рико Верховен наскоро ќе се бори во Глори. Следната борба на тешкашкиот хегемон и филмска ѕвезда ќе биде против Хесди Гергес.

Двојката беше на чело на новото шоу кое комбинира спорт и забава со музичари, комичари и познати личности. Платформата се вика HIT IT.

Датумот на настанот е 29 октомври и местото Ротердам.

Рико имаше реванш со Хесди, кого го порази на 30 јануари 2021 година на галата Глори 77. Натпреварот беше полуфинале на Гран при, а Верховен, исто така, се соочи со Тарик Хбабез истата вечер.

Холандската ѕвезда освои три годишни рангирања за 2021 година – најдобар кикбоксер на годината, најдобра борба во 2021 година (Трилогија со Џамал ​​Бен Садик) и најдобри моменти од 2021 година во Глори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО