Тешка повреда на Мирко Филиповиќ! Се откажува борбата со Рој Нелсон, Кро Кап опериран

Голем шок за Мирко Филиповиќ. Точно една недела пред една од најважните борби во неговата кариера, по една година брутални подготовки, доживеа тешка повреда на ттренинг. Скинати се предните вкрстени лигаменти на левото колено. Борбата на Кро Кап и Рој Нелсон на Белатор 200 следниот петок на Вембли нема да се случи. Белатор сè уште официјално не ја објавил вести на неговите канали.

Лошата вест ја потврди и Филиповиќ..

Операцијата беше закажана за утрово во Св. Кетрина и во осум часот беше на операционата маса.

Една од потешките повреди на Мирко се случи на здравата нога која досега не беше повредувана.

Филиповиќ највува дека ќе се бори на Ризин за Нова година, иако инсистирал и повреден да се сретне со Нелсон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО