Теофимо Лопез има цел да го собори рекордот на Флојд Мејведер

Има само 23 години,  а веќе е светски шампион на ВБА, ВБО и ИБФ во лесна категорија. Со 16 победи од 16 натпревари, од кои 12 со нокаут, Теофимо Лопез изгради имиџ на боксер што секој ќе треба да го земе предвид во блиска и можеби далечна иднина. Ако го прашате него, во следните 10 години ќе владее во неколку различни категории.

Лопез си постави цел да го подобри постигнувањето на Флојд Мејведер (50-0) освојувајќи светски титули во шест категорри. Згора на тоа, без да дозволи пораз, следејќи ги чекорите на „Богаташот“.

На 19 јуни Теофимо ќе го брани појасот против Џорџ Камбосос Јуниор (19-0). Судирот во Мајами го купи за емитување компанијата Трилер за 6 милиони долари.

„На Флојд му беа потребни повеќе од 10 години да стане легенда. Имам време. Верувајте во процесот и следете ја големата слика“, рече Лопез. Тој е уверен дека може да боксира во опсег од лесна до супер средна категорија, бидејќи е висок 173 сантиметри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО