Мејведер за заработката од околу 100 милиони долари: Ова е легален грабеж на банка

Флојд Мејведер оваа недела се враќа во рингот каде ќе се соочи со јутјуберот Логан Пол во егизибициски меч. Единствениот мотив за боксерот се парите, а тоа воопшто не го криеше пред медиумите.

Мејведер од оваа борба ќе заработи најмалку 35 милиони долари, а оваа цифра лесно може да се искачи и до 100 милиони со оглед на продажбата на ППГ права.

„Прекарот „Мани“ (Пари) го имам со причина. Години наназад напорно работев на тоа да дојдам до одредено ниво. Сега верувам во паметна работа наместо напорна. Кога станува збор за лесна борба против Логан Пол, што е легален грабеж на банка, тогаш едноставно треба да го направам тоа“, изјави Мејведер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО