Теофимо Лопез го совлада Педро Кампо со прекин во седмата рунда

Поранешниот светски шампион Теофимо Лопез (17-1) се врати со победа. Американскиот боксер го совлада Мексиканецот Педро Кампо (34-2-1) со прекин во седмата рунда на настанот во Лас Вегас во мечот во суперлесна категорија.

„Девет години се борев во категоријата до 61 килограм и тоа ми го уби телото“, изјави 25-годишниот Теофимо Лопез и го прозва најдобриот борец во категоријата:

„Сакам да се борам против шампионот на ИБФ и ВБО Џош Тејлор, а сакам и мечеви против Реџис Програис и Хозе Зепеда. Целта ми е да станам двоен шампион“.

Во октомври 2020 година Американецот со одлука на судиите го победи Украинецот Васили Ломаченко и стана сопственик на шампионските појаси на ВБА (Супер), ИБФ и ВБО.

Но, во ноември минатата година ги загуби титулите во мечот против Австралиецот Џорџ Камбосос Јуниор.

На средбата против Кампо Лопез имаше 136 удари, додека противникот имаше 53 удари помалку. Покрај тоа, неговиот процент на успешност беше многу подобар (42,4 проценти) од мексиканскиот борец (18,5).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО