Фјури мора до 26 август писмено да потврди дека се пензионирал

Претседателот на ВБЦ (Светскиот боксерски совет) Маурицио Сулејман соопшти дека асоцијацијата му дала на шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури 10 дена писмено да го потврди својот крај на кариерата.    

„Разговаравме со неговиот промотор. На Фјури му дадовме 10 дена. До 26 август мора да ни испрати писмена потврда за својата конечна одлука. Дури потоа можеме да почнеме да го решаваме прашањето за шампионскиот појас“, изјави Сулејман во интервју за „Изкиердазо“.

Фјури во последната борба го нокаутираше Дилиeн Вајт (28-3) во шестата рунда. Борбата се одржа на 24 април во Лондон, Велика Британија. После тоа Британецот објави крај на кариерата како борец. Фјури во текот на својата кариера има 32 победи и еден нерешен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО