Волкановски подготвен за замена на УФЦ 280

Александар Волкановски во интервју со Даниел Кормиер изјави дека влегува во тренинг камп за УФЦ 280. Австралиецот со македонско потекло (од битолско) ќе биде подготвен да биде можна замена доколку некој од двојката Чарлс Оливеира – Ислам Махачев испадне од главниот настан на вечерта.

Борбата меѓу Махачев и Оливеира ќе се одржи во Абу Даби на 22 октомври и ќе одлучи кој ќе биде носител на слободниот појас на Бразилецот. Потсетуваме дека тој не успеа да ја намали тежината во одбраната на титулата против Дастин Гејџи, а УФЦ го казни и му го одзеде појасот.

Волкановски, пак, го скрши палецот во финалниот меч од трилогијата со Макс Холовеј, но неговото закрепнување очигледно оди добро, бидејќи најави подготвеност да биде резера на настанот во октомври .

„Сакам да се вратам“, изјави тој. „Всушност, размислувам, ако сакате да верувате, да бидам резерва во случај да ви треба план Б. Ќе бидам момчето што ќе биде таму. Им велам дека сакам да бидам таму. Ќе бидам во форма и ќе имам доволно време на тренинг кампот за да бидам подготвен и ќе го сторам тоа. Таков човек сум јас.

Како што секогаш сум велел, нема да дозволам некој да ми ја одземе таа можност. Затоа што ако некој друг оди и го направи тоа, ќе ме натераат да чекам уште подолго за меч. И тоа не ми се допаѓа. Ќе бидам среќен да бидам таму и ако некој се повреди или не се пласира во тежинска категорија, ќе влезам“.

Секако, Австралиецот ќе се надева дека мечот нема да оди според планираното, но сепак даде своја прогноза за тоа кој според него ќе победи и како ќе се развива категоријата по средбата.

Ако победи Чарлс ќе се бори на почетокот на следната година“, рече Волкановски и додаде: „Ако победи Ислам, повеќе би сакале да го видиме повторно на средината на годината и не сакам да чекам толку долго. Кој ќе го носи појасот по мечот? Најверојатно Ислам. Но, јас ќе бидам таму и ќе гледам, само во случај да треба да влезам на нечие место“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО