Тејлор ја декласира Властром во одбраната на титулите

Кејти Тејлор во најдоброто издание во професионалната кариера ја победи Ева Валстром и ги одбрани светските титули на ИБФ и ВБА во лесна категорија. 

32-годишната Ирка славеше во 10-те рунди во Медисон сквер гарден во Њујорк. Финката Валстром кој се бореше со раскрварена глава немаше апсолутно никаква шанса против брзината и прецизноста на Тејлор.

„Покажав одлично издание против досега непоразената противничка. Таа дојде да победи, но сметам дека боксирав многу мудро“, изјави Тејлор по борбата.

Тејлор и Валстром се сретнаа шестпати во аматерските кариери. Ирската боксерка ги доби сите борби.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО