Конор Мек Грегор повторно на суд и се задржа цели 16 секунди

 

Проблемите со властите не престануваат за Конор Мек Грегор, ѕвездата на боречките вештини. Минатиот месец му беше одземена возачката дозвола на 6 месеци и доби парична казна во износ од 1.000 долари. Конор Мек Грегор повторно беше на суд во Даблин, затоа што во јули бил сопрен од полицијата која му ги побарала возачката дозвола и осигурување, но не ги носел со себе.

Согласно законот Мек Грегор за 10 дена требало да ги предаде документите, но не го направил тоа. Ова е стандардна процедура, но поради тоа што тој не го испочитувал рокот го повикале во судот му биле покренати обвиненија за возење без дозвола, без осигурување и за тоа дека не ја предал документацијата во рок од 10 дена. Во салата не беа пуштени новинари, но според различни извори Мек Грегор поминал 16 секунди таму и сите обвиненија биле отфрлени.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=6MoHqY47NgY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО