Таткото на Флојд: Дури и со 64 години можам да го пребијам Мек Грегор

Слично на својот син, Флојд Мејведер – никогаш не се срами да зборува за она што го мисли. Дури и да е малку ексцентрично.

И овој пат Мејведер Сениор. зборува за евентуалното враќање на неговиот син на боксерскиот ринг против ММА ѕвездата Конор Мек Грегор.

Преговорите меѓу нив двајцата продолжуваат, но, барем според таткото на Флојд, Конор Мек Грегор нема особена желба да боксира со неговиот син.

„Тој не го сака овој меч. Флојд ќе го смете подот со него. Тоа ќе биде како ти и Флојд да боксирате“, се сврте Мејведер кон репортерот што го интервјуираше.

„Конор воопшто не изгледа добро на рингот. Може само да зборува! Веќе кажав и на телевизија – заборавете го Флојд! Оставете го настрана! Јас сум тука. Може и сум на 64 години, но сепак ќе му го сритам задникот! Ќе го пребијам Мек Грегор. Кога и каде нека каже, на линија сум“, додаде тој.

Слично на својот син, Флојд Мејведер Сениор беше професионален боксер, со доста добри перформанси.

Потоа стана и еден од најдобрите тренери во светот, вклучувајќи го и непобедливиот син.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО