Татко му на Хабиб: Ни понудија 15 милиони за реванш со Конор, но ние сакаме 30 милиони

Таткото на шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов изјави за руските медиуми дека од УФЦ и понудиле 15 милиони да прифатат реванш со поранешниот шампион Конор Мек Грегор. Во моментов двајцата се казнети од Атлетска комисија на Невада и во јануари ќе дознаат колку време ќе трае на казната, а колку ќе биде и глобата што ќе треба да ја платат. Абдулманап е подготвен да го прифати реваншот со Мек Грегор, но само за 30 милиони.

„Кабиб има три или четири битки и завршува со ММА. Ова се нашите планови. Од УФЦ ни понудија реванш меч против Конор Мек Грегор за 15 милиони, но ние сакаме 30 милиони. Конор Мек Грегор подготвени сме за реванш, но ако го сакаш – сакаме 30 милиони“.

За првата борба Конор изјави дека заработил над 50 милиони, а УФЦ успеа да продаде близу 2,5 милиони платени гледања. Настанот собори многу рекорди и нема сомнение дека реваншот ќе се продава уште повеќе. Но сега сè е во рацете на Дана Вајт и мора да одлучи дали ќе го одврзе ќесето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО