Хабиб веќе не сака меч со Жорж Сент Пјер, туку со Флојд Мејведер во Русија

Шампионот во лесна категорија на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, се откажал од желбата за борба со легендата Жорж Сент Пјер.

Денес таткото на Орелот во интервју за руските медиуми и изјави дека битка со ЖСП веќе не е приоритет, а наместо тоа ќе сакаат од УФЦ да имаат право да избираат противник, како и местото на кое ќе се одржи битката. Абдулмап изјави дека сакаат го Флојд во Русија.

„Битката со Жорж Сент Пјер повеќе не е приоритет. Сега нашиот услов е УФЦ да ни даде право да бираме. Сакаме да избереме борба која ќе се одвива според нашите услови и каде што ќе кажеме ние. Ќе инсистираме на ова. Сакаме оваа битка да биде против Флојд Мејведер во Русија“.

Таткото на Хабиб рече дека имал уште 3-4 борби и дека престанува со ММА. Битката меѓу Хабиб и Флојд најверојатно ќе се одржи во Грозни, бидејќи се многу блиски пријатели со претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров, кој ќе биде повеќе од среќен да помогне во организирањето на оваа мисија. Хабиб има борба според договорот со УФЦ и моментално ги има картите в рака и може да поставува услови, но последниот збор е на УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО