По жестоките зборови следи жестока пресметка меѓу Џошуа и Милер

Ентони Џошуа најавува пресврт за борбата на 13 април и наместо борба со Дионтеј Вајлдер, со кого нема шанси да се сретне поради реваншот со Тајсон Фјури, ЕЏ сега сака борба во јуни во Њујорк.

Во Медисон сквер гарден ќе се бори против непоразениот Американец Џерел Милер, кој досега има 23 победи и едно реми, а со кого деновиве си разменија жестоки зборови.

Милер најверојатно ќе биде нареден предизвикувач за Џошуа, а Британецот ќе мора да се бори во 2019 година ако не сака да го загуби појасот.

Наскоро се очекува конечна одлука, па ќе дознаеме каков спектакл може да очекуваме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО