Татко му на Хабиб: Конор е шоумен, не е сериозен противник за син ми

Таткото на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап, го кажа своето мислење за противниците на син му и коментираше како изгледа подготовката за некои од борбите.

„Омилена борба ми беше пресметката со Рафаел дош Сантош. Ќе ви објаснам и зошто. Пред битката се подготвувавме три месеци во планина. Хабиб беше поподготвен од кога било. Хабиб победи, не му остави никаква шанса на противникот. Но, потоа се повреди, па две години не се бореше. Имаше четири операции, скршено ребро“, објаснува Нурмагомедов постариот.

Што се однесува до легендарната битка со Конор Мек Грегор тој има интересно мислење.

„Мек Грегор беше најсериозниот противник, но само во однос на парите. Не е тежок противник, само е шоумен”, смета Абдулманап.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО