Танер Бозер го нокаутира Овинс Сент Про во втората рунда (ВИДЕО)

Борбата меѓу Танер Бозер и Овинс Сент Про во коглавната битка на УФЦ Фајт најт 190 во Лас Вегас заврши во втората рунда со победа на Бозер.

Во првата рунда Бозер беше многу агресивен и не престана да го притиска Сент Про, кој беше доста пасивен. Танер сигурно победи во рундата. Во втората рунда Сент Про успеа да ја донесе битката во партер и да доминира над Бозер.

На средината на рундата, Танер успеа да стане, по што со колено го удри противникот во главата. Имаше неколку тешки удари од Бозер и го собори Сент Про. Уште еден тежок удар на Бозер и судијата го прекина мечот.

Со овој триумф Бозер им се врати на победите и ја сопре серијата од два последователни порази. На почетокот на овој месец тој загуби од Илир Латифи со поделена одлука. Сент Про влезе во серија од два последователни порази и победи само на две од последните седум борби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО