Тајсон: Вајлдер ќе го уништи Џошуа во три рунди

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, повторно најде можност да го „зајаде“ својот поранешен противник Ентони Џошуа. „Џипси кинг“ ги користи социјалните мрежи за да го коментира исходот од евентуалниот меч меѓу поранешниот носител на појасите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО против Дионтеј Вајлдер.

Според Фјури, на Бронзениот бомбардер нема да му треба многу време за да го нокаутира Еј Џеј. Напротив, развојот на средбата би поминал на апсолутно бескомпромисен начин во корист на Американецот.

„Би рекол дека Бронзениот бомбардер ќе го нокаутира овој сротиот во три рунди. Ќе го уништи“, напиша Фјури на својот Твитер профил, објавувајќи колаж од Вајлдер и Џошуа.

Тајсон одрботи три меча со Дионтеј, во првиот ремизираше, а потоа славеше со два последователни нокаути над поранешниот шампион на ВБЦ. Моментално се подготвува за меч со Дилиен Вајт, додека Џошуа чека потврда за реваншот со Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО