Клареса Шилдс ја потврди својата надмоќ против Словенката Ема Козин (ВИДЕО)

Словенечката боксерка Ема Козин ги издржа сите десет рунди против Американката Клареса Шилдс, но во нејзиниот најважен меч во кариерата на настанот во Кардиф не успеа да ја победи ривалката.

Една од најдобрите боксерки во светот уште еднаш ја потврди својата доминација и со победата против Словенката го додаде појасот на ВБФ на титулите во ВБА, ВБЦ и ИБФ.

Клареса беше поагилна и многу активна, а веднаш можеше да се заклучи дека на Еама воопшто нема да и биде лесна. Словенечката боксерка не можеше да го следи тој ритам.

Таа се движеше побавно и удираше многу помалку. Таа ја чекаше својата шанса, но искусната Американка не направи ниту една грешка.

Клареса Шилдс е многу добра боксерка, технички и физички подобра од нејзините ривалки. Двократната олимписка победничка ја нападна и ја удри противничката барајќи прекин, но тоа не се случи како на претходните седум меча.

„Среќна сум што победив, но жалам што не ја нокаутирав противничката. Судијата мораше неколку пати да ја прекине борбата, бидејќи не возврати во шестата и седмата рунда. Сакав да ја тргнам Ема од патот и да ја предизвикам Савана. Ја завршив мојата работа, а сега на ред е таа“, изјави американската боксерка.

По мечот Клареса Шилдс и Британката Савана Маршал имаа што да си кажат, а од нивниот разговор може да се заклучи дека наскоро би можеле да ја видат нивната борба.

На истиот настан Крис Јубенк Јуниор го совлада Лијам Вилијамс со судиска одлука и така стигна до 23-та победа во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО