Шест медали за Миоки на „Лакташи опен“, Хамза Јашари и Моника Стојковска со одлични настапи

На меѓународниот натпревар „Лакташи опен“ во Република Српска,  Босна и Херцеговина, џудистите на Миоки освоија 6 медали – 2 златни 2 сребрени и 2 бронзени.

Најдобар настап имаа Хамза Јашари (-73 кг) кај сениорите со освоено 1 место (4 победи) и до 52 кг Моника Стојковска со освоен златен медал (5 победи) во конкуренција на јуниорки, како и со освоено 2 место кај сениорките (3 победи 1 пораз).

 

-52кг Ива Богдановска – 2 место кадетки и 3 место за јуниорки.

-52кг Азра Заими – 3 место.

Добар настап имаше -81кг Ратко Костов (без медал).

„Во конкуренција на 17 натпреварувачи Јашари апсолутно доминираше на татамите со импресивни ипони и доби парична награда од организаторот“, велат од Миоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО