Џеси Родригез посилен од Карлос Квадрас за титулата на ВБЦ (ВИДЕО)

Американскиот боксер Џеси Родригез е новиот шампион на ВБЦ во супермува категорија. Родригез го победи Мексиканецот Карлос Квадрас на настапот во Фотпринт центарот во Феникс. Непоразениот Џеси на тој начин стигна до 15 победа во кариерата.

Родригез скокна во борбата против Квадрас како замена за Роман „Чоколатито“ Гонзалес, кој мораше да се откаже, бидејќи се зарази со Ковид-19.

Со првиот звук на сирената Џеси тргна отворено и постави висок ритам.

Во сите 12 рунди во ниту еден момент не се предаде, а покажа колку е добар боксер.

Во третата рунда Родригез го собори Квадрас, кој се врати во мечот, но подоцна го намали темпото.

Американецот на крајот дојде до убедлива победа, а сите тројца судии му дадоа предност (117-110, 117-110, 115-112).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО